Ламар Одом, кошаркарот и поранешен сопруг на Клои Кардашијан, се отвори за своето минато и раскажа се’ за употребата на недозволени супстанци, како и за односот со поранешната сопруга.
Познато е дека Ламар завршил во болница во 2015 година, кога се борел за живот, а сега тврди дека тогаш не се предозирал, туку дека сопственикот на борделот во кој бил се обидел да го убие давајќи му апчиња. . Сепак, нема објаснување зошто мажот сакал да му го одземе животот.
Ламар наведува дека отишол во познат бордел во Невада, испил една пијачка, а три дена подоцна се разбудил во болница, не можел да зборува ниту да оди.
– Дрогата ми беше девојка, имав жена и кокаин – изјави Ламар и призна дека дури и Клоија наговорувал на „с*ање“.
Ламар во документарецот изјави дека Клои е љубовта на неговиот живот и дека се кае за своите постапки. Додаде дека би сакал повторно да ја види, за да ги средат работите.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Клои беше покрај Ламар цело време додека тој беше во болница, па дури и извесно време додека се опоравуваше, иако непосредно пред тоа раскинаа.
Кардашијан подоцна започна врска со уште еден кошаркар, Тристан Томпсон, со кој доби ќерка, а во август оваа година и син со помош на сурогат мајка.
Поради неговото изневерување, тие често раскинувале, а капката што ја прелила чашата била кога само еден месец по зачнувањето на нивниот син, таа дознала дека Томпсон има дете со друга жена.
фото:Инстаграм