Радио Милева се подготвуваат наголемо

Бремената Анѓелка Прпиќ подготвува тајна венчавка: Идниот сопруг поставил само еден услов

Бремената Анѓелка Прпиќ подготвува тајна венчавка: Идниот сопруг поставил само еден услов

Анѓелка Прпиќ решила тајно да се омажи за својот партнер Марко Ж, со кој за неколку месеци очекува принова. Актерката веќе извесно време ја планирала венчавката со несудениот кум на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, а сè забрзала кога дознала дека е во блажена состојба и дека наскоро повторно ќе стане мајка, пишува Курир.рс

Анѓелка нема пречки повторно да застане на лудиот камен. Таа е законски разведена, па затоа е слободна жена. Кога дознала дека е бремена, таа и Марко се договориле наскоро да се венчаат и тоа да го направат во тајност бидејќи биле на врвот на насловите во медиумите и на социјалните мрежи. Освен тоа, на нејзиниот партнер наводно многу му пречи што се презива Прпиќ, па се договориле на свадбата да го земе неговото презиме – рекол извор близок на актерката.

Според него, Анѓелка интензивно се подготвува да застане пред матичар, додека прашање е дали и во црквата ќе си ветат вечна љубов.

– За тој ден опширно се подготвуваат и сите детали ги чуваат во строга тајност за медиумите да не известуваат за овој настан. Ден претходно кумовите ќе знаат каде ќе се одржи венчавката и толку. Актерката реши да проговори за аферата во која е, кога како бомба одекна веста дека чека дете со најдобриот пријател на поранешниот сопруг.

– Мислам дека нормален човек не се навикнува на овие работи. Зошто би се навикнале на грдото и примитивното? И не сакам да се навикнам. Но, од друга страна, не е работа да не се види шумата за дрвјата. Сега темата сум јас, утре ќе бидеш ти, но се работи за нарушен компас и вредносен систем – објасни таа.

фото:Инстаграм/РТС

To top