Мегафон СП од поинаков агол

„Бекстејџ“ на Светско првенство во Полска заедно со македонските ракометни репрезентативци

„Бекстејџ“ на Светско првенство во Полска заедно со македонските ракометни репрезентативци

Само неколку дена не делат од Светското првенство во ракомет за мажи во Полска.

Екипата на најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ секојдневно ќе не известува ов Светското првенство, директно од Краков, каде нашите ракометари ги очекува сериозен предизвик во групата  против Норвешка, Холандија и Аргентина.

Селекторот Кире Лазаров е задоволен од подготовките, формата, играта  и резултатите на своите избраници во контролните нматпревари против Хрватска и Израел.

„Подготвени сме да го доловиме ова првенство од еден поинаков агол! Заедно на уште едно Светско! Бидете со нас!“ – порачуваат и од екипата на „магазинот од зад сцената“.

Ракометарите да играат, „клаваат голови“ и победуваат, новинарите да известуваат, сите ние заедно да навиваме. За кого? За Македонија!

To top