Радио Милева робовладетелско минато

На познатиот британски актер Бенедикт Камбербач му се заканува судење поради неговата семејна историја (фото)

На познатиот британски актер Бенедикт Камбербач му се заканува судење поради неговата семејна историја (фото)

Британскиот актер Бенедикт Камбербач  познат по улогата во серијата „Sherlock“ во кој ја игра покрај Мартин Фримен, а светската слава ја стекна и во филмовите на „Marvel“ како Доктор Стрејнџ, наскоро би можел да се соочи со судење на Барбадос поради робовладетелското минато на неговото семејство.

Странските медиуми пишуваат дека неговите предци имале плантажа со шеќерна трска токму на тој остров, каде што бунтовите на робовите биле сурово задушувани во крв.

Поради ова тамошните власти би можеле да покренат истрага, а според наводите на медиумите, постапката е во „најрана фаза“.

Неименуван висок функционер на Барбадос не негира дека семејството Камбербач би можело да се соочи со барање за отштета поради историските врски со ропство на островот.

Робовладетелската приказна на неговото семејство започнала со неговиот предок, прадедото Џошуа Камбербач. Тој во 1728 година ја купил плантажата Клиленд во северниот дел на Барбадос и започнал со тогаш профитабилното одгледување шеќерна трска.

На плантажата работеле 250 робови, а работата била физички напорна. Последните робови биле ослободени 105 години по купување на плантажата, кога Британската империја го укинала ропството. Парламентот во 1833 година го усвои Законот за укинување на ропството, кој ја укинал трговијата со луѓе и експлоатацијата во поголемиот дел од Британската империја.

Она што е иронично е што Бенедикт во филмот „12 Years a Slave“ ја толкува улогата на робовладетелот Вилијам Форд и самиот неколкупати зборувал дека се срами од тој дел од семејната историја и дека му е многу жал поради целата ситуација.

Фото:Принтскрин/Профимедиа/ЕПА

 

To top