Радио Милева гола порака за Среќна 2023-та...

Јована Јеремиќ ја надмина и Карлеуша: Водителката „пиштол гола“ ви ја честита Новата 2023 година со специјална порака (ФОТО)

Јована Јеремиќ ја надмина и Карлеуша: Водителката „пиштол гола“ ви ја честита Новата 2023 година со специјална порака (ФОТО)

Новогодишните честитки за сите нас се вообичаена работа, особено сега кога постојат социјалните мрежи преку кои и побргу и полесно и и помасовно можете да честитате кому сакате.

Меѓу останатите и јавните личности не пропуштаат јавно да им се обратат на своите гледачи, слушатели, обожаватели, фанови, следбеници… со своја порака или честитка. Буквално на сите оние кои им се блиски или драги, од кои им зависи гледаноста, слушаноста, популарноста… И тоа најчесто го прават на себесвојствен начин, со уникатни и оригинални пораки, а некои од нив одат до таму што „ориганлноста“ почнува да им се граничи со пристојноста.

Секако Јелена Карлеуша веројатно е таа која во овој домен го води колото, но овој пат веројатно најекспонираната српска ТВ водителка Јована Јеремиќ, се чини дека и го украде и шоуто и приматот.

Имено, ако Карлеуша честиташе Нова Година како секси бабамразица во еротска долна облека, Јована новогодишната честитка ја испрати „пиштол гола“…

Без ниту едно крпче на себе, само по црвени кожни ракавици и венче со зајачки ушиња, налик на оние познатите Плејбој убавици.

 

„Драги пријатели, решив да ви ја честитам оваа година на мој начин! Посебно. Ова е пред се мојата порака до лажните моралисти од социјалните мрежи кои и оваа година како и секоја година беа закопчани до грло, но голи и празни во душата и срцето. Треба да имате капацитет за љубов и да не бидете егоисти.
Ова е порака до сите оние кои го кријат својот живот затоа што е распарчен, мртов, камуфлиран од маската што ја носат и зад која се кријат, затоа што ако се нудеа како што јас се давам себеси секој викенд, никој не би ги сакал нив. Ни да ги гледа, ни да ги сака и љуби“.
Ви посакувам да имате добар однос сами со себе, бидејќи односите со другите се последица на нашиот однос со нас самите. Да сакате затоа што без емоции нема живот, како и да заработите доволно пари за да живеете во изобилство и безгрижно.
Ви посакувам да ја почувствувате среќата и да живеете со неа во душата. Зрачи само исконски среќен човек. Затоа, не прашувај како таа/тој, не јас… Како што зрачиш, така и привлекуваш. Јас сум СОНЦЕТО во 2023 година. А вие?“ – порачала Јована напреку својот Фејсбук со голата фотографија со која шокираше многумина.

Фото: Инстаграм принтскрин/ jeremicjovana

 

To top