Радио Милева ароганција

Дарко Лазиќ искина бакшиш од 100 евра, па публиката ја остави без зборови (фото)

Дарко Лазиќ искина бакшиш од 100 евра, па публиката ја остави без зборови (фото)

Пејачот Дарко Лазиќ не престанува да ја интригира јавноста со шокантните потези, па публиката ја остави без зборови кога ја искина банкнотата што ја доби додека пееше песна.

На видеото и сликите кои кружат на Интернет, можете да го видите Дарко како пее на забава. Му приоѓа еден гостин и го замолува да му отпее една песна, а кога му дава банкнота од 100 евра, пејачот ја кине и му ја враќа.

Која песна сакаш? – прашува Дарко.

„Стигла ме је мајко свака твоја суза“ – вели човекот и му подава банкнота од сто евра.

Лазиќ бил задоволен што гостинот го избрал неговиот репертоар, па одлучил да му ја „подари“:

„Таа песна е од моето срце, пола-пола“ – вели Лазиќ и ја кине банкнотата подавајќи му на човекот  една половина од неа.

Еден од гостите ја зема половина од банкнотата од 100 евра што Лазиќ ја искина му ја враќа на нарачателот на песната.

Не им требаше многу време на следбениците на социјалните мрежи да почнат да коментираат:

„Да беше од срце, ќе пееше бесплатно“, „Можеше од џеб да извади дел од 50-те и да му врати кусур. …”, „Каква ароганција!” „Луѓето немаат леб да јадат, лудак!“

@kafansko.vece Darko poderao pare 😂 #kafanskovece #kafanskoveče #darkolazic ♬ original sound – kafansko.vece

Фото:Принтскрин/ТикТок

To top