Радио Милева внимание на себе

Саша Поповиќ го откри неговиот рецепт за слабеење: Не гладува туку секое утро го пие овој напиток (фото) 

Саша Поповиќ го откри неговиот рецепт за слабеење: Не гладува туку секое утро го пие овој напиток (фото) 

Саша Поповиќ вели дека секоја пролет оди на диета, бидејќи во текот на зимата се дебелее. Поранешниот директор на „Гранд“ ужива во гурманската кујна, но знае и коа е доста.

Секогаш се дебелеам во текот на зимата, па морам да ослабам на пролет!Време е за прослави и празници, се јаде зачинета и тешка храна. Во зимските месеци најчесто се качувам од два до пет килограми. Кога ќе решам да ослабам, се придржувам до одредена диета – вели тој.

Поповиќ објаснува што има на неговата маса додека е на диета.

Кафе пијам секое утро, понекогаш со млеко. Тоа го имам за појадок, а за ручек можам да бирам помеѓу стекови, пилешко на скара, риба. Вечерата е обично комбинација од месо и салата, јајца, а понекогаш и само овошје и јогурт.  Такви оброци сакам. Тој додава дека му се потребни само две недели за да ослабне.

„Обично имам 73 килограми, но понекогаш одам и до 78. За две недели, колку што нормално јадам вака, ги губам тие пет килограми. Доволно ми е да се грижам за храната 14 дена, да го тргнам вишокот и толку. Истата програма ја користи и мојата сопруга Сузана“ – вели музичарот.

Откако ќе ги снема вишокот килограми кои се наталожија за време на празниците, Поповиќ лесно ја одржува фигурата во текот на летото.

Фото:Принтскрин/Часлав Вукојичик/Блиц Тв

To top