Мегафон за сечиј вкус

Новогодишен музички колаж со македонската естрада на Телма

Новогодишен музички колаж со македонската естрада на Телма

Новата година е на самиот праг. Да ја испратиме 2022 и дочекаме новата 2023 година со богатата новогодишна програма на ТВ Телма, наменета за сечиј вкус.

Сите емисии во празничните денови имаат и свои празнични изданија, а акцентот во најдолгата ноќ е ставен на новогодишната програма, која започнува во 21:00 часот.

Како и секоја година, Телма и’ дава предност на музиката и на квалитетните изведувачи и изведби во живо.

Од Влатко Лозаноски, ДНК, Нокаут, Таско, Александра Јанева, Либеро Бенд, Лара Иванова па се до Елена Велевска, браќа Нуне, Јордан Митев и многу други.

Уживајте во музичките изведби на вашите омилени музичари до доцните часови, заедно да пееме и се забавуваме за одличен позитивен старт на новата година. Каде и да сте, со Телма да сте.

To top