Радио Милева чудни објави

Мадона повторно мета на осуда – отиде чекор понатаму со честитката за Божиќ (фото)

Мадона повторно мета на осуда – отиде чекор понатаму со честитката за Божиќ  (фото)

Мадона, кралицата на поп музиката  повторно предизвика контроверзии со најновата објава на Инстаграм, а реакциите на нејзините следбеници не се позитивни. Пејачката објави кратко видео кое започнува со позирање во божиќен костим и долна облека, а завршува со слика од семејството.

Во видеото кое беше објавено пред два дена, Мадона гледа во камерата, прво во костим на Дедо Мраз, а потоа во црна долна облека, додека во позадина свири „Santa Baby“. Видеото завршува така што таа позира со малолетните деца Дејвид, Мерси, Стела и Естере.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Видеото досега собра илјадници коментари, а некои нејзини следбеници реагираа доста негативно на ова видео, најмногу поради позирањето во долна облека и фотографирањето со деца во истата објава. Ќе истакнеме некои од коментарите.

„Непријатно ми е да го гледам ова“, „Кој ѝ дозволува да објавува вакви видеа“, „Колку може да биде морничава Мадона“, „Која си ти и што направи со Мадона“, „Дали некој друг се плаши од нејзините очи“ , „Веќе не знам која е таа личност“, „Бизарно видео“, „Одземете ѝ го мобилниот телефон“, „Ова е многу чудна објава“, коментираат незадоволните следбеници на Мадона.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top