Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пред празниците ги почести следбениците, со елегантна комбинација, а со своето издание ги „фрли“ сите во транс.
Цеца многу се грижи за својот изглед, и на најдобар начин го истакнува секој аутфит, па така беше и овој пат.
Имено, таа сега избра тесни проѕирни панталони, посипани со кристали, кои ги истакнаа извајаните нозе на пејачката,а дополнително носеше и сако во истата боја.
Позирајќи во библиотеката, таа ја „разгоре“ фантазијата на многу луѓе, па со оглед на тоа дека под јакната имала само градник, потценување е да се каже дека мажите имале проблем да го насочат погледот само во еден правец.
Инаку, Цеца неодамна ја коментираше кариерата на нејзината ќерка Анастасија, која моментално е една од најпопуларните пејачки од помладата генерација.
– Анастасија одлично пее народна музика, но е ориентирана кон поп. На Анастасија не и е лесно. Има успешна мајка и нормално дека ќе ја споредува. И кажав дека ти си Анастасија Ражнатовиќ не Цеца и треба да си го изградиш својот пат – изјави фолк ѕвездата.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ