Гога Секулиќ откри дека одлучила да оди на пластична операција.
Пејачката е видена со бившиот сопруг на настан во Белград, па прво искоментирала:
– Ниту се скаравме, ниту се разведовме, само решивме да ја прекинеме емотивната врска, а не знаеме како ќе биде во иднина. За нас е важно добро да се сложуваме поради нашиот син. Бевме само на настан во Белград и убаво се забавувавме со пријателите вечерта.
Потоа, таа се осврна за естетската хирургија и за тоа како фановите биле разочарани кога ја слушнале веста.
– Сакав да го направам тоа и пред пандемијата, но не можев поради детето, кој ќе го чува подобро од неговата мајка. Треба да ги намалам, ‘рбетот ми е погрешен, висока сум и имам поголеми гради, а обожавателите ми велат дека не треба да ги намалувам. Најдобро би било тоа да се направи што е можно поскоро, но ќе видиме – изјави Гога.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Гога Секулиќ