Дејвид и Викторија Бекам имаа привилегија да бидат едни од гостите на кралската венчавка меѓу принцот Хари и Маган Маркл во саботата во Виндсор.
И додека сите ги пофалија за нивната модна комбинација за оваа свечена кралска пригода, на неговите фанови не им се допадна тоа што тој го правеше во црквата, а камерите го снимија.
Highlight so far… David Beckham chewing gum in the Chapel like it’s a football dugout. ? #royalwedding #DavidBeckham pic.twitter.com/pUlzrWJH6A
— Graham Mann ? (@GrahamRMann) May 19, 2018
Имено, поранешниот фудбалер прилично се опушти и цело време џвакаше гума за џвакање како да животот му зависи од тоа.
Ниту корисниците на социјалните мрежи нималку не го штедеа.
Можеби звучи и изгледа сосема нормално некој да го прави ова, но кога е кралска церемонија во прашање, а ти си почестен и познат гостин, џвакањето очигледно на сите им „падна во очи“ како непристојно.