Деновиве дел од потесното семејство на првата дама на САД го посети Скопје. Членовите на потесното семејство на Меланија Трамп, деновиве беа во приватна посета на македонската метропола, па беа гости и на семејството Кочан.
Сопствениците на градежниот гигант – фирмата „Трансмет“, браќата Чедо, Дин и Сеад како добри домаќини ги пречекаа и угостија уважените, високи гости од потесното семејство на првата дама на Америка, која како што е познато влече семејни корени токму од овие некогашни ЈУ простори, поточно од Ново Место, Република Словенија.
Специјалното вино во специјално пакување и назив „First Lady“ е вино кое всушност ќе се извезува во Америка, а е со географско потекло од Словенија, поточно токму од родното место на Меланија Трамп.