Радио Милева диши на шкрги

На македонскиот пејач еден поглед од падините на Водно му ги отвори очите: Стан над облаците за да го избегне загадувањето, вирусите и грипот или… враќај се во Штипот! (ФОТО)

На македонскиот пејач  еден поглед од падините на Водно му ги отвори очите: Стан над облаците за да го избегне загадувањето, вирусите и грипот или… враќај се во Штипот! (ФОТО)

Скопје дише на шкрги… И то едвај. Македонската престолнина со денови е меѓу најзагадените градови во светот. Ваквото енормно загадување тешко го поднесуваат и здравите, а камо ли хронично болните и повозрасните… Особено дишењето смог, чад, хемикалии и тешки метали тешко има паѓа на оние на кои грлото им е алат во занаетот што го одбрале за своја професија!

Пејачите и пејачките, особено оние од естрадата ионака се изложени на зачадена средина во локалите и кафеаните каде што настапуваат, ама сега дерман немаат и кога не пејат.

Особено дишењето на урбаниот скопски смог и чад тешко има паѓа на оние кои од малечки не се навикнати на него. Поточно на оние кои се дојденци од внатрешноста во македонската метропола, а таму каде што израснале воздухот бил чист планински или  барем приближно на тоа, а овој скопскиот негативно им влијае на гласот, но тоа е… Што да се прави, сите убавини на едно место – тешко.

Еден од нив е и родениот штипјанец Јоце Панов, кој со години живее и работи во Скопје. Оддамна заминат од својот роден град по Исарот, пејачот тешко го поднесува скопското гушење, кое  очигледно му влијае не само на здравјето, како и на сите нам, туку и на кариерата.

Затоа Јоце ја користи секоја прилика да побегне во природа, макар тоа било и скопско Водно, од каде најзгодно се гледа каде и во каква средина живееме и што „гнасотии“ дишеме.

Само еден поглед од падините на планината над Скопје тоа и го потврди, каде во „смог панорамата“ на метрополата, се гледаа само последните катови на највисоките згради во градот од комплексот Џевахир!

И додека Јоце на Водно дишеше со полни гради гледајќи ги високите згради, на пејачот му дојде идеја како да го избегне загадувањето, односно како да се почувствува како во годините на детството од својот роден Штип.

„Џевахир… Само 40 кат му е мајката“ – констатираше Јоце додека си ја замислуваше бајката за скопски живот во кој ќе диши слободно и без гушење.

Арно ама, со оглед на цените на квадратот на најгорни катови во споменатиот комплекс кој оди и над 1500 евра, пејачот за да си ја оствари замислата и да купи стан над облаците има само еден начин: Да пее едно две три години без денар да потроши од заработката плус да го продаде џипот… Или Јоце, враќај се во Штипот!

Фото: Инстаграм принтскрин/jocepanov

 

To top