Радио Милева прв заеднички празник

Џенифер Лопез и Бен Афлек организираа забава за паметење: Доколку некој се сомневаше во нивната љубов, погледнете го ова видео

Џенифер Лопез и Бен Афлек организираа забава за паметење: Доколку некој се сомневаше во нивната љубов, погледнете го ова видео

Познатиот пар во дует пред публиката придружуван од пијанист ја изведе песната на Џон Леџенд „By Christmas Eve“, а Џенифер ги забавуваше гостите пеејќи божиќни хитови.

Младенците Џенифер Лопез и Бен Афлек решија да го прослават својот прв заеднички празник – со гламурозна божиќна забава полна со познати гости што ја приредија во нивниот дом во Холивуд.Странските медиуми јавуваат дека меѓу гостите биле Ким Кардашијан, Доја Кат, Били Ајлиш, Ванеса Хаџенс, Џејн Фонда и многу други, а на социјалните мрежи кружат серија видеа во кои се главните ѕвезди Џен и Бен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Affleck vibes (@ben_affleckvibes)

Славниот пар пред публиката ја изведе песната на Џон Леџенд „By Christmas Eve“ во дует придружувана од пијанист, а Лопез ги забавуваше своите гости пеејќи ги божиќните хитови како „It’s The Most Wonderful Time of the Year“ и „Jingle Bells “. Во еден момент разменија страстен бакнеж и ги воодушевија присутните. Џејза оваа пригода избра зелено и златно фустанче, кое го комплетираше со екстравагантен дијамантски ѓердан, а Афлек се одлучи за едноставен црн блејзер и маица.

„Бен и Џеј многу се забавуваа подготвувајќи се за Божиќ. Тоа е нејзиниот омилен празник, така што таа секогаш се труди, но тоа е навистина возбудливо време за нив како двојка бидејќи е нивниот прв Божиќ како маж и жена. Тие решија да го украсат огромна елка со помош на нивните деца.Нивниот дом изгледа прекрасно со украси и сите тие светилки“, изјавил инсајдерски близок на парот.

Тој додаде дека Џеј Ло сака оваа година да биде уште поспецијална и се надева дека ќе создаде нови семејни традиции со Бен. “Тие планираат да ги поминат празниците заедно, со децата и нејзиното семејство. Џеј, нејзината мајка и сестра се одлични готвачи, па со нетрпение чекаат да бидат заедно и да уживаат во празниците”, рекол тој.

Фото:Принтскрин/Инстгарам

To top