Радио Милева задоволен

Никогаш не одбира постара од 25 години – неговата нова девојка е родена пред „Титаник“ и е вистинска „бомба“ (фото)

Никогаш не одбира постара од 25 години – неговата нова девојка е родена пред „Титаник“ и е вистинска „бомба“  (фото)

Оскаровецот и еден од најголемите заводници, Леонардо ди Каприо е фатен со нова девојка која, се разбира, нема повеќе од 25 години. По раскинувањето со убавата Камила Мороне, Леонардо ди Каприо наводно ја завел манекенката Џиџи Хадид (27). Познатиот актер и една од најпопуларните манекенки никогаш не ја потврдиле врската, а луѓето тогаш мислеле дека тој се откажал од својата бизарна љубовна мантра да не се забавува со девојки постари од 25 години.

Меѓутоа, холивудскиот заводник сега е виден во друштво на актерката Викторија Ламас (23). Како што пренесуваат странските медиуми, Лео и Викторија, која е ќерка на актерот Лоренс Ламас, биле забележани во Холивуд, и заедно влегле во истиот автомобил, а тој задоволно се смешкал.

Интересен податок е дека Викторија е родена две години по премиерата на филмот „Титаник“, кој и беше претставен на светската публика во 1997 година, во кој главната улога ја имаше Лео (48). Пред Викторија и Џиџи, со кои можеби беше во врска и накратко се откажа од својата бизарна навика, Леонардо се појави во јавноста со неговата сега веќе поранешна девојка Камила Морон, со која раскина кога таа го прослави нејзиниот 25-ти роденден. Деталите од неговата љубовна историја укажуваат дека тој навистина ги избира своите партнери според датумот на раѓање. И додека состаноците со Џиџи ги криеше од јавноста (колку што можеше), не беше толку таинствен кога излегуваше со Викторија,  или пак манекенката му значеше повеќе или повеќе се гордееше со врската со актерката. Викторија е вистинска бомба, а физички наликува на поранешните девојки на холивудската ѕвезда.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top