Радио Милева тешки моменти

„Останав сама…“: Јелена Бачиќ Алимпиќ проговори зошто ги напушти медиумите (фото)

„Останав сама…“: Јелена Бачиќ Алимпиќ проговори зошто ги напушти медиумите (фото)

Јелена Баќиќ Алимпиќ проговори за најтешките моменти кои ја снашле во животот и за изборите кои свесно ги направила.

Јелена Баќиќ Алимпиќ ја знаеме како славна новинарка, но и како многу успешна писателка. За егзистенција се занимаваше со новинарство, а денес се зафати со она што навистина го сака, а тоа е да пишува.

„Посебно кога работев на телевизија, тешко се справував со предрасудите. Работев владици и старлети, а мојата приспособливост да можам да разговарам со сите беше мојот подарок, но некои луѓе погрешно го разбраа тоа. Кога ја објавив мојот прва книга,тогаш навистина поминав низ пеколот. Не можев да јуришам со ветерници како Дон Кихот и да објаснам дека сум професор по литература. Кому и зошто да му објаснувам нешто? А имаше и моменти кога читав нешто за себе а беше тоа целосна глупост и тоа боли до срж. Се обидов да не го земам при срце, но премногу сум сочувствителна и емотивна, плачев безброј ноќи и секогаш се трудев да ги заштитам децата за да не видат“, вели писателката, на  која  инспирирацијата за последниот роман  е заминувањето на ќерката  Дуња во Холандија.

“Заминувањето на Дуња целосно ме опустоши, иако ја охрабрував и ја поддржував во сите нејзини желби. Важно е дека таа и нејзиниот син Марко се среќни, а јас веќе некако се снаоѓам. Сѐ се менува. Одеднаш тостанав сама, без гнездо, но тоа е животот и тоа е нормално. Ме прашуваш дали на децата треба да им се даваат крилја? На моите, освен огромна љубов, им ги дадов и најшироките и најубавите крилја на светот“, изјави неодамна таа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top