Балетот „Жизел“ од Адолф Адам во изведба на белградско Народно позориште вечерва во 20 часот ќе биде прикажан на сцената на Националната опера и балет (НОБ). Диригент на претставата е Иван Еминовиќ.
Гостувањето е во рамките на неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Македонија – Open Balkan Theatre, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции.
Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Леонид Лавровски според Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа. Кореографска реализација: Катарина Обрадовиќ , костимографијата е на Божана Јовановиќ, а сценографијата на Борис Максимовиќ, концерт-мајстор: Климент Тодороски.
Во насловната улога ќе настапи Бојана Жегарац Кнежевиќ, во улогата на Алберт ќе настапи Хозе Иглесиас, а во улогата на Хиларион ќе настапи Никола Бјанко. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет.
Извор:Република