Радио Милева ризично

Маја Маринковиќ потрошила 20.000 евра на операции, а за ова планира да плати пет илјади евра веднаш штом ќе излезе од реалното шоу (фото)

Маја Маринковиќ потрошила 20.000 евра на операции, а за ова планира да плати пет илјади евра веднаш штом ќе излезе од реалното шоу (фото)

Учесничката во реалното шоу Маја Маринковиќ е една од старлетите со најмногу естетски корекции. Старлетата вложила над 20.000 евра во својот физички изглед, се со цел со пластичните операција да го доведе своето тело до сегашниот изглед.

Усни, нос, вилица, гради и мачкини очи се само дел од операциите кои Маринковиќ ги направи на своето тело. Сепак, Маја планира повторно да го посети пластичниот хирург штом ќе го напушти реалното шоу, за да направи уште една интервенција, а тоа се силиконските импланти во задникот.

– Маја ми кажа дека влегла во „Задруга“ за да заработи, за потоа да оди кај докторот да и го поправи задникот. Свесна е дека нема голем задник, а отсекогаш сакала, па решила да оди да го реши. Се обидов да и одговорам, бидејќи сите сме свесни што и се случи на Тамара Ѓуриќ со таа операција, дури и таа и го кажа сето тоа, но дали ќе продолжи со тоа ќе видиме понатаму – изјави пријателката на Маја за „Република.рс“.

– Дефинитивно ќе треба да одвои 5.000 евра за целиот процес, но не разбира колку е тешко да се опорави после тоа и колку е се ризично – заврши пријателката.

Тоа го потврди дури и Маја, која за време на престојот во реалното шоу истакна дека единственото нешто што сè уште планира да промени кај себе е задникот по излегувањето од  „Задруга“.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top