Радио Милева на работ ....

Том Круз на бизарен начин им се заблагодари на фановите што го гледаа новиот „Топ Ган“ (фото)

Том Круз на бизарен начин им се заблагодари на фановите што го гледаа новиот „Топ Ган“ (фото)

Том Круз им се заблагодари на фановите што го гледаа новиот „Тop Gan – Maverick“ на најдобар можен начин со скокање од авион. Актерот моментално се наоѓа во Јужна Африка каде ги снима новите делови од „Невозможна мисија“, а на фановите им испрати порака во свој стил.

Порака од авионот:  „Не сакав годината да заврши без да ви се заблагодарам што дојдовте во кината и го поддржавте „Топ Ган: Маверик“, извика тој, седејќи на работ од авионот.

„Каде застанав? О да. Ви благодариме што го поддржувавте „Топ Ган: Маверик“ и ви благодариме што ни дозволивте да ве забавуваме. Тоа е навистина голема чест во мојот живот“, рече тој, додавајќи дека ја губи висината и подобро да се врати на работа.

Фото: Принтскрин/ Твитер

To top