Алпинистката и сликарка Илина Арсова која замина во Америка и започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси од каде доби и стипендија за докторски студии, повторно им се врати на старите навики или како што вели таа на нејзиното природно живеалиште.
Таа е активна на социјалните мрежи, и редовно објавува фотографии од нејзините активности, каде будно ја следат повеќе од 24.000 следбеници.
Па така, дамата од Македонија која ги искачи највисоките врвови на седумте континенти покажа што прави во моментов.
Таа на почетокот беше облечена во зимска јакна со капа, качулка и широка насмевка на лицето ….
Но, подоцна се соблече и го покажа нејзиното мускулесто тело и тоа не било каде, туку влезена во топол извор со вода до половина, на смрзнувачка температура од минус (- 20) степени. Топло уживање на неподносливата ладнотија, во кое Илина не ја тргна насмевката и покрај тоа што студениото и го обзема лицето.
Под објавата следеа пофалби за чудесната Илина која претходно во својот пост напиша:
„Насмевката кажува сѐ – што да кажам, само зборвит сличево“.
View this post on Instagram
Илина уште еднаш покажа и докажа колку е издржливо нејзиното спортско тело на минусни температури, во планината на снегот. Особено кога ќе мораш да излезеш од топлиот термален извор, а потоа немаш каде да се скриеш на топло, едноставно немаш избор, освен да се соочиш со студенилото на планината… Но токму во тоа за Илине е и убавината, а и не и е прв пат.
Откако еднаш во 2019 на Антарктикот , како дел од јубилејната изложба по повод 75 години од основањето на Друштвото на Ликовните уметници на Македонија, го прикажа нејзиното голо тело со ликовниот перформанс како соединување и навраќање на човекот кон природата.
За потсетување Илина е авторка на 2 книги, „Седумте“ и „Планинарење“ и на еден краток документарен филм “This is Herstory” (2018) за инспиративни атлетичарки од Балканот кој е прикажан на 20-ина меѓунардни филмски фестивали и има освоено четири меѓународни награди. Меѓу сето останато и жена со „надчовечки способности“ кога се во прашање, храброста, издржливоста, менталната сила и останатите особини кои не секој маж, а камоли жена ги поседува за да се фати во костец со ваквите предизвици. Зашто ваква моќ и силина има само Илина!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Илина Арсова