Радио Милева Дарежлив

За неа потрошил неверојатни 3 милиони евра: Роберто Кавали ги исполнува сите хирови на 45 години помладата љубовница (фото)

За неа потрошил неверојатни 3 милиони евра: Роберто Кавали ги исполнува сите хирови на 45 години помладата љубовница (фото)

Партнерката на Роберто Кавали е 45 години помлада од него, а парот тврди дека ужива во љубовта и дека разликата во години не им е проблем.

Велат дека вистинската љубов не познава години, а еден од поекстремните примери е 14-годишната врска на познатиот дизајнер Роберто Кавали и неговата 45 години помлада девојка Сандра Нилсон.

Тие влегоа во врска во далечната 2008 година, а и покрај прогнозите дека нема да трае ниту еден месец, нивната љубов и понатаму е силна како првиот ден. Сепак, тоа не ги спаси од коментари дека тој би можел да и биде дедо, а Сандра ја интересираат само неговите пари.

Меѓутоа, кога нејзината манекенска кариера почна да згаснува, тогаш љубовта со Роберто Кавали почна да блеска. Родена на 17 февруари 1985 година во Шведска, Сандра почнала да работи во модната индустрија уште на рана возраст.
Кога имала 14 години, извидниците од една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – крупни сини очи и кафена коса што е реткост во нордиските земји.

Со текот на годините, таа освојуваше награди, меѓу другите за Мис на ЕУ, Мис на светот на бикини, Мис на Хаваи и конечно за најубава жена во Шведска, а беше и модел на Плејбој.

Дека сега ужива во луксуз, докажува и фактот што модниот дизајнер, кој неодамна го прослави 82-от роденден, решил на својата девојка да и купи остров во Шведска со луксузна вила. Имено, Роберто на Сандра и купил упориште на Викинзите од 11 век во Шведска на приватен остров, кој чини 3 милиони евра.

На островот има и прекрасна вила со четири спални соби, дел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина, пишува „Daily Mail“.


Дополнително, поранешната манекенка може да џогира до срце по добро одржуваните патеки на островот долги 1,5 километри, а островот има и приватен пристаниште со траект кој може да прими 10 луѓе.
Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога тој се развел од сопругата, а со неа, како што вели дијазнерот, го нашол својот мир, таа е неговата муза, неговата вистинска љубов и не се грижат за разликата во годините.

фото:Профимедиа

To top