Денеска е голем ден во домот Грујиќ-Гобељиќ, бидејќи наследничката на Марко и Катарина денеска полни една година. Пејачката Катарина Грујиќ е особено емотивна поради роденденот, па објави на Инстаграм едно видео во кое ги сумираше сите 365 дена со малата Катја и напиша:
– Моја најубава принцезо, секое твое движење, секоја прегратка и бакнеж ми ја дава сета сила за да можам да летам! Знам дека Бог навистина ме сака штом ми даде ќерка како тебе. Денес е голем ден затоа што ти е роденден! Ќе ти посакам само среќа и најголема љубов, ангелите да те чуваат и Господ да те чува, а мама ќе ти подаде рака да те води низ светот, секогаш ќе биде таму за да не се плашиш од ништо! Секогаш остани магична како што си, со најубава насмевка, сонувај, сакај, фантазирај, радувај се! Мама те сака најмногу на светот. Среќен роденден моја принцезао – стои под објавата.
View this post on Instagram
Пејачката и фудбалерот вечерва ќе имаат гала прослава за својата сакана, а како што се пишуваше за овој роденден искеширале 30.000 евра.