Американскиот актер, режисер и продуцент Николас Ким Копола, попознат како Николас Кејџ, верува дека е вонземјанин.
Николас Кејџ бил убеден дека е вонземјанин, а за магазинот „Rampstyle“, како што пишува „Daily Mail“, открил уште многу бизарни детали од неговиот живот. „Бев сигурен дека сум од друга планета! Николас Кејџ изјавил дека како дете бил убеден дека е „вонземјанин“ и дека бил „шокиран“ кога по долги години на лекарски преглед открил дека има „нормални органи и скелет“, како и сите други.
Во изјавата за „Rampstyle“, 58-годишниот актер зборуваше конкретно за своето чудно детство, признавајќи дека имал големи проблеми кога се во прашање односите со другите луѓе бидејќи бил „социјално незгоден“.
„Татко ми, Аугусто Копола, ми кажа дека мора да ми се претстави бидејќи сум вонземјанин. Верував дека сум од друга планета“. Николас Кејџ, исто така, опиша како неговата социјална незгодност го инспирирала да стане актер. „Имав потешкотии да се поврзам со други луѓе. Кога го видов Дејвид Боуви во филмот „Човекот кој падна на земјата“, знаев дека морам да направам нешто. Така станав актер“.
Исто така, омилениот актерот ширум светот зборуваше за „инвазијата во неговиот дом“ што ја доживеа додека го промовираше неговиот филм „Trespass“ во 2011 година на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.
Фото: Принтскрин/Профимедиа