Радио Милева генетиката на дело

Сега на сите им е јасно на кого се метнала Мартија: Мајка и Снежана е „диско кралица“ (ВИДЕО)

Сега на сите им е јасно на кого се метнала Мартија: Мајка и Снежана е „диско кралица“ (ВИДЕО)

Велат предиспозициите за одредена уметност или спорт се дарба од Бога… Со нив се раѓаш, талентот ти е вроден, всаден во гените, впишан во генетскиот код… И не се далеку од вистината. Арно ама тој талент, таа дарба сигурно не паднала туку така само од небото, туку многумина ја наследиле од некого од потесното или поширокото семејство.

Та било тоа спортска предиспозиција, или дарба за уметност од било кој вид… Ликовна, музичка, филмска, драмска, танцова… Или сублимат од повеќе такви!

Младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ несомнено едно од оие нови деца на естрадата која ги има сите предиспозиции да стане голема твезда не само во Mакедонија, туку да излезе и надвор од неа, во регионот… Убавата кумановка поседува се’ што треба… И глас и стас и лик и сексапил и доволно талент за сето тоа спакувано да го прзентира на сцната, што всушност и досега веќе го покажала.

Арно ама, многумина сигурно се прашуваат од кого тоа малечката убавица го наследила талентот за пеење и владеење на естрадната сцена? Оние што ја познаваат и неа и семејството веројатно им е познато на кого тоа се метнало девојчето… Останатите што не знаеа, сега дознаа.

Имено Мартија е особено блиска со нејзината мајка Снежана која како сенка ја следи, поддржува, финансира… нејзината кариера.

Патем, обете се речиси неразделни и секогаш кога можат да бидат се заедно. И по дома и на настапите на пејачката и во кафуле, ресторан, клуб, на нечии концерт…

А кога се често една покрај друга, како што тоа го прават две најдобри другарки, заедничките моменти редно е и да овековечат…

Со фотографии или видео, со заедничко селфи или посебно… „На парче“ што би се рекло, како она на кое можете да го видите „танцот на ѕвездата“ олицетворен во мајка Снежана.

Танцовите движења како од  познатите музички филмови „Flashdance“ или „Saturday night fever“, а мама Снежана во златно мини фустанче над колена како вистинска „диско кралица“! Па сега вие видете на кого тоа се метнала Мартија? (КЛИКНИ ТУКА):

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic

 

To top