Задругарката Далила Драгојевиќ предизвика бурни реакции кога на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографија на која се гледаат модринки.
– По ѓаволите. Никогаш не сум имала вакви модринки. Носев штикли синоќа, не знам како ме фатија, но паднав многу чудно. Не чувствував болка. Дури денес кога се разбудив имаше што да видам. Луѓе тоа беше пад на годината. Паднав врз луѓето во другото сепаре – напиша Далила на споменатата социјална мрежа.
Далила синоќа била на концертот на познатиот пејач Мирослав Илиќ, а на самиот почеток на концертот се пошегувала дека и таа ќе пее.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Далила Драгојевиќ