Мегафон

Половина деценија стратешко партнерство меѓу бразилскиот фармацевтски лидер EMS и Галеника во функција на здравјето во регионот

Половина деценија стратешко партнерство меѓу бразилскиот фармацевтски лидер EMS и Галеника во функција на здравјето во регионот

Регионалниот фармацевтски гигант Галеника веќе половина деценија стратешки соработува со најголемата фармацевтска компанија во Бразил, EMS, обезбедувајќи развој и унапредување на портфолиото на производи во корист на здравјето на сите во регионот. EMS е најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите во Латинска Америка и е дел од бразилската NC Групација (Grupo NC, www.gruponc.net.br). Откако кон крајот на 2017 година Галеника стана дел од NC Групацијата, се отвори патот за Галеника да стане регионален лидер со амбиции да продолжи да расте и да се шири и на други меѓународни пазари.

Основата на купопродажбата беше стратешкото партнерство помеѓу Галеника и EMS, а како резултат на тоа, бразилскиот фармацевтски лидер EMS доби за партнер регионален фармацевтски гигант со голем потенцијал, долга традиција и многу силен  бренд кој ужива доверба. Од друга страна, Галеника во компанијата EMS доби партнер, кој претставува извор за трансфер на знаење и технологија на производи од најновата генерација на генерички лекови.

EMS е основана во 1964 година и е водечка фармацевтска компанија во Бразил, каде  поседува 4 производствени фабрики, а во една од фабриките е сместен Центарот за истражување и развој, еден од најмодерните во Латинска Америка. EMS е на чело на бразилскиот фармацевтски пазар 16 последователни години и ги извезува своите производи во 55 земји. Тоа е првата бразилска компанија која почна со извоз на лекови во Европа. Во Италија, компанијата ја поседува истражувачката лабораторија Monte Research. EMS континуирано инвестира во инфраструктура и истражување и постојано ја проширува својата производна линија која се состои од лекови на рецепт, генерички лекови, брендирани лекови и лекови без рецепт (ОТЦ) и лекови за болничка употреба.

По купопродажбата, Галеника континуирано бележи значително проширување на портфолиото на производи, раст на регионалните пазари во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија и успешно работи на 15 меѓународни пазари во Европа, Блискиот Исток и Африка, а отворени се и канцеларии во Унгарија, Хрватска и Словенија.

Исто така, важно е да се напомене дека трансферот на технологија на најновата генерација на генерички лекови се реализира преку стратешко партнерство на Одделот за развој на Галеника со нејзината сестринска компанија EMS.

Докажан регионален лидер, Галеника планира да го продолжи трендот на интернационализација на својот бизнис на меѓународните пазари, и притоа да остане „Посветени на луѓето, верни на здравјето“.

To top