Нада Обриќ била многу расположена на прославата на 32 годишнината на роденденот на Здружението на естрадните уметници. Пејачката открила како се чувствува по неодамнешните здравствени проблеми кои ги имала.
– Повеќе не сакам да размислувам за тоа. Добро сум, совршено сум добро – изјавила Нада.
– Спасив четворица од моите соседи затоа што сите завршија на операционата маса бидејќи откако разговараа со мене, на преглед им ја открија болеста.
А како Нада го победи ракот четири пати?
Господ ми помогна, потоа изборот на добри лекари и на крајот моето семејство и мојата добра состојба на умот.
Таа ги открила и нејзините планови за претстојните празници.
Празниците ќе ги поминам дома, на телефони со децата и внуците, а купив и нова ноќница – низ насмевка вели Нада.
Фото: Принтскрин/ТВ Курир.рс