Уште од првиот бакнеж меѓу Александра Николиќ и Филип Цар, започнаа многу теории на заговор и шпекулации за нивните емоции.
Во сето ова се провлекува едно прашање, а тоа е дали Филип е искрен или тоа тактички го направил во договор со некои од поранешните задругари.
Еден од нив, која беше „на тапет“, како поранешна најдобра другарка на Дејан, со која раскина токму поради нејзината врска со Александра, што можеби е една од причините да биде „сомнително“.
Сандра Решиќ по тој повод се појави и јасно проговори за сите шпекулации, поврзаноста со старо-новиот пар, но и испрати јасна порака до фановите на Александра Николиќ.
– За озборувањата, натписите и клиповите кои кружат на социјалните мрежи дека јас, Сандра Решиќ, заедно со Ѓедовиќ, Дејан или не знам кој го убедил Цар да биде со Александра, морам да кажам и за прв пат да демантирам вакви глупости. . Прво, мојот единствен муабет, а тој со Филип, беше конечно да ми каже што се случило со Милица и што планира да прави со Маја кога ќе влезе внатре. Мојата сфера ниту тогаш, ниту сега, не е ниту Александра ниту Дејан, ниту нивната врска, раскинување, ниту пак ме интересира тоа. И како што знае цел свет, тоа не го коментирам. А пораката до таканаречените фанови на Александра Николиќ (ја исклучувам како личност) можам само да го кажам следново: Многу ми е жал што вашата омилена не успеа да го задржи тоа нешто во гаќичките и да биде верна на своето момче на кое до вчера му се колнеше! Со кого ќе биде следно, таа, Цар или некој од нив, не ми е гајле и нема да ми биде гајле – изјави Сандра за Пинк.рс
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сандра Решиќ/Пинк.рс