Радио Милева фановите ќе одлучат

Констракта повторно привлекува внимание: Номинирана е за награда која ќе биде објавена за време на зимските празници (фото)

Констракта повторно привлекува внимание: Номинирана е за награда која ќе биде објавена за време на зимските празници (фото)

Претставничката на Србија на овогодинешната Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта, е номинирана во три категории за Евровизиските награди кои се одржуваат по втор пат и ќе бидат објавени за време на зимските празници.

Во периодот од 30 ноември до 4 декември, организаторите собираа гласови од публиката преку официјалната страница на Инстаграм за десет категории, а Констракта се натпреварува за награди за најиновативна изведба, најдобар текст и најдобра кореографија.

Листата е составена врз основа на фан-страниците на Евровизија кои ги номинираа своите фаворити во текот на ноември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Минатата сезона во гласањето учествуваа повеќе од 70.000 луѓе, но статистиката за оваа година се уште не е објавена.  Наградите на Евровизија за првпат беа доделени во 2021 година, а групата „Ураган“, која тогаш ја претставуваше Србија, ја доби наградата за најдобри фризури.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top