Ѕвездата на реалното шоу The Keeping up with the Kardashians и моделот, Кендал Џенер, доживеа сообраќајна несреќа во Кан каде што требаше да биде гостин на настанот Fashion for Relief.
Според полицискиот извештај, автомобилот на Кендал Џенер бил вмешан во помала сообраќајна несреќа, која предизвикала само мало оштетување на браникот. Иако Кендал не била повредена, таа морала да го прескокне црвениот тепих каде требало да оди заедно со Бела Хадид, Наталија Водианова и Вини Харлоу.
Манекенка се приклучила на настанот малку подоцна, и заблескала во сивиот минијатурен фустан со кој ги истакна долгите нозе и екстремно високите потпетици во класична црна боја.