Татјана Јовановска од Куманово го запали студиото на регионалното музичко шоу „Никад није касно“ со својата енергија, глас, но и со изгледот.
Оваа 45 годишна кандидатка доби комплимент од Рада Манојлоиќ дека е вистинска мачка, а кога слушна дека на 39 години станала баба, жирито занеме.
-Еве ви рецепт за младост. Завршете убаво училиште, веднаш стапете во брак и видете како ќе изгледате на 45 години, кажа Жика Јакшиќ.
-Кога се ќе почнете навреме, вака изгледа една баба, а кога не, вака изгледа еден тато, кажа Саша Милошевиќ алудирајќи на себе и на тоа дека на 47 години стана татко.
Татјана пред публиката и жирито се претстави со „Пут путујем“ од групата „Магазин“ на чии први тактови Рада и Жика веднаш заиграа.
Инаку,Татјана на сецаната блесна во темно зелена тоалета во која ја истакна својата става, имаше прекрасна фризура и едноставно изгледаше како вистикска ѕвезда.
Таа живее во Куманово и има свој бутик, а музиката е само нејзино хоби, но веројатно се досега откако го освои регионот.