Поранешната кошаркарка разви голем бизнис на сајтот за возрасни.
Милица Дабовиќ секојдневно шокира со новите објави на социјалните мрежи и фотографиите кои ги објавува.
Имено, добро е познато дека Милица одлучила да добие дополнителна заработка преку познатата мрежа Онли фанс, каде девојките и мажите ги „продаваат“ своите интимни делови. Поради овој потег таа наиде на многу осуди во јавноста, пред се затоа што е мајка на малолетен син, но тоа неа не ја интересира.
Милица на почетокот објавуваше слични фотографии кои можеа да се видат на нејзиниот Инстаграм профил, а потоа Анѓела Вештица ја „нападна“ во емисијата во која заедно гостуваа, дека таквите како неа го уништуваат угледот и шармот на оваа апликација и дека ако таа сака да заработува повеќе мора повеќе и да покаже.
Дабовиќ очигледно реши да ги послуша советите на поискусната колешка која сериозно заработува од нејзините голи фотографии и видеа, па и таа целосно се соблече и го покажа своето голо тело на целата јавност.
Таа на нејзиниот Твитер профил сподели фотографија на која е свртена со грб и гола пред камерата со натпис:
– На едно потпросечно пиле му се допаѓаш!
– Те сака рибата, под просек!
Voli vas riba ispod proseka!! 😂😍🥰❤️🔥😜🎁🎉 pic.twitter.com/Cg6X3Vtadd
— MILICA DABOVIC (@MILICADABOVIC13) December 6, 2022
За ваквото однесување Милица предизвикува низа коментари, поради кое многумина ја осудуваат и велат дека се однесува како проститутка, како и дека треба да се срами од синот Стефан и дека ако треба да заработи за него може да го направи тоа без да го продава нејзиното тело.
Милица почна облечена, а многу брзо дојде до целосна голотија, а што ги чека нејзините следбеници на „Онли фанс“ во иднина, останува да видиме.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Твитер