Радио Милева

Ова сигурно не сте го знаеле: Добрила од „Никогаш не е доцна“ ја израсна оваа македонска пејачка!

Ова сигурно не сте го знаеле: Добрила од „Никогаш не е доцна“ ја израсна оваа македонска пејачка!

Секој понеделник имате прилика да го гледате регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, кое е едно од омилените и најгледаните во регионот.

Оваа година меѓу фаворитите е македонската претставничка Добрила Ивановска Чобриќ која со својата позитивна енергија го вооушеви жирито уште во првата емисија.

Во една емисија член на жирито беше и македонската пејачка Маја Оџаклиеска која многу се израдува кога ја виде Добрила. Таа откри дека не се виделе 46 години, а исто така изјави дека Добрила била добра пријателка на нејзината мајка, па додека таа вежбала Добрила ја доеше

фото:принтскрин/јутуб

„Добрила, да не заборавиме да кажеме една важна работа. Во паузите додека мајка ми работеше, а јас морав да јадам нешто, Добрила ме доеше, изјави Маја Оџаклиеска.

Македонската пејачка излезе на сцена и ја прегрна нејзината „негователка“ и жена која на некој начин ја израсна.

To top