Радио Милева лоши односи

Инцидент: Кралицата на скандалите и селските панаѓури Весна Вукелиќ Венди и пејачката Сашка Каран се степале за време на снимање (фото)

Инцидент: Кралицата на скандалите и селските панаѓури Весна Вукелиќ Венди и пејачката Сашка Каран се степале за време на снимање (фото)

Пејачките Сашка Каран и Весна Вукелиќ Венди направиле невиден скандал во шминкарницата на една телевизија кога се нападнале и се навредувале пред другите гости.ж

Сашка ја навредила Венди и и се заканувала дека ќе ја искрши како играчка, додека Вукелиќ се бранела  и и рекла дека Каранова е спремна за лечење Пејачите кои не се во добри односи, случајно се сретнале на снимањето, при што седнале една до друга, за што претходно не биле информирани, па караниците започнале веднаш штом се сретнале.

– Сашка не знаела дека и Венди ќе гостува, а кога ја видела во шминкерницата веднаш ги превртела очите уште од вратата, што на Весна воопшто не и се допаднало. Венди почнала да се смее и да ја гледа Сашка под окото. Пејачката ја видела и знаела дека тоа е насочена кон неа, па веднаш реагирала. „На кого му се смее оваа валкана жена, што и треба на оваа истрошена метла“, рекла Каран мислејќи на Венди – вели извор кој бил на лице место и открива како дошло до тепачката.

– Весна продолжи да се смее, но кога стана да земе нешто од чантата, Сашка притрча кон неа и и се заби во лице. Почна да ја пцуе и да и кажува дека е безвредна и валкана. Венди почна да ја турка, а Сашка се бранеше. Вработените во телевизијата цело време стоеле меѓу двете пејачки, но тие не престанале да се туркаат. Сашка буквално се тресеше, беше подготвена да ја тепа Венди. “Вашарка ќе ме навредува! Немој сега да те  скршам како играчка! Ме провоцираш со години, веќе нема да го правиш тоа, наказо”, рече Сашка. Венди извикувала да ја  исфрлат шизофреничарката Саша: “Тргнете ја оваа луда шизофреника од тука, не знам што сака оваа будала! Таа е спремна за сериозно лекување”.

Водителката едвај успеала да ги смири страстите со тоа што ја однела Сашка на снимање на нејзината емисија. Сашка го изгубила гласот поради стрес, па и требало малку време да се смири.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top