Секогаш насмеаната, весела и расположена пејачката Сека Алексиќ ја остави јавноста во страв со изјавата дека е ни помалку ни повеќе, туку к*чка, притоа додавајќи дека тоа не го негира, што многумина поттикна да се запрашаат за што всушност се работи и која е причината за нејзиниот став. Сепак, брзо се уверивме дека работите не се баш како што изгледаат на прв поглед.
Со оглед на тоа што напорно работеше на новата песна наречена „Приџи ми ако смеш“, која ја вклучува репликата: „Јас сум лоша к*чка, не негирам!“, Сека на тој начин направи вистинска мала музичка револуција и зачекори во целосно поинаков свет од оној во кој публиката е навикната да ја гледа и слуша. Спотот за песната „Приџи ми ако смеш“, изобилува со провокативни сцени во кои изгледот на Сека неодоливо потсетува на „неа“ од почетокот на нејзината кариера. Црната коса, шишките и црвениот кармин сигурно ќе ја воодушеват публиката.
Дека Сека Алексиќ навистина ги поместува границите, не убеди со маркетинг на новиот моден бренд „Second Skin by Seka“, а токму тие модели можете да ги видите во видеото кое го креираше Станислав Закиќ.
– Дизајнирав бренд кој ќе се развива во две насоки: мода и убавина. Првата колекција „Stage“ беше лично инспирирана од Сека Алексиќ и нејзиниот нов моден и музички правец. Мини колекцијата ја слави женската фигура и ја истакнува на вистински начин.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Марко Сувиќ