Радио Милева утеха барала во храната

Вака изгледаше стралетата Александра Суботиќ кога имаше 90 килограми, а сега линијата ја доведе до совршенство (фото)

Вака изгледаше стралетата Александра Суботиќ кога имаше 90 килограми, а сега линијата ја доведе до совршенство  (фото)

Старлетата Александра Суботиќ ја доведе линијата до совршенство, но некогаш таа не изгледаше така. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која покажа како изгледала кога имала дури 90 килограми. Сега кога е задоволна од својот изглед, на своите следбеници им откри како ја усовршила својата линија, како и кој и помогнал во тоа.

– Иако цел живот бев слаба, за жал, како и повеќето луѓе, влегов во фаза во животот во која за неполни шест месеци се здебелив над 20 килограми (од 62,63 на дури 90). Бев тажна и несреќна и наоѓав утеха во храната.

Во тие моменти храната ме смируваше, но во исто време западнав во уште поголема депресија бидејќи во тие моменти освен што бев незадоволна од мојот живот, станав незадоволна и од својот изглед и тоа почна да влијае на мојот психички и физички здравје. На тој пат на мојот раздор и распаѓање, во еден момент се појави мајка ми, која беше мојот најголем поддржувач – напишала Суботичева со фотографијата и ги поттикнала сите девојки да поработат на својот изглед.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top