Радио Милева го памети само убавото

Кеба проговори за Северина како и за тоа дали му должи пари

Кеба проговори за Северина како и за тоа дали му должи пари

Драган Којиќ Кеба на снимањето на новогодишната програма пред новинарите зборуваше за помирувањето на неговиот син Игор Којиќ и бизнисменот Милан Поповиќ.

– Не се сеќавам дека биле во расправија за да се помират, се објаснувале во нивните интервјуа – изјави Кеба
Тој ги објасни и наводните напади на Северина врз семејството Којиќ

– Секој мој збор е излишен! Не се сеќавам на некој напад! – изјави Кеба.

На прашањето на новинарот на ТВ Курир.рс дали Северина сепак му должи значителна сума пари, Којиќ рече:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragan Kojic KEBA (@dragankojickeba)

– Не ме интересира што кажа таа. Од 100 проценти спомени има многу повеќе добри отколку лоши – рече тој.

Кеба истакна дека синот на Северина и Милан ги гледа како свој внук и дека засекогаш ќе има место во неговото срце.
– Го гледам како мој внук и дај Боже да ми се оствари таа желба, така е! Нема вага што може да ја измери таа љубов! Редовно го гледам – изјави Кеба.

Приватниот живот на популарниот фолкер потсетува на популарна сапуница, а на гледачите останува да видат како ќе се одвива приказната!

фото:Инстаграм

To top