Сека Алексиќ живее во луксузен семеен дом со градина од дури 100 ара.
Отсекогаш сакала мирна оаза, па за свој дом ја одбрала Стара Пазова, а се шушка дека некогаш за семејното гнездо искеширала 500 илјади евра, а од година во година вложила уште повеќе.
Секој детал од двокатната вила од 450 квадратни метри е уреден по вкус на пејачката, секој агол од дневната, трпезаријата и спалните соби се елегантно уредени од Сека.
Таа посветила многу внимание на својат огромен гардеробер, пространата бања од дури 40 квадратни метри, како и за салонот за маникир и масажи.
Во куќата доминира белата боја, а насекаде се распространети раскошни детали како масивни лустери и цвеќиња дури и во спалната соба полно со многу лични детали.
Бидејќи е голем верник, еден ѕид од куќата на Сека е посветен на икони на светци. Секако по својот декор се издвојуваат собите на наследниците Јован и Јаков, како и брачната соба на Сека и Вељко. Освен внатрешноста што го одзема здивот, градината околу куќата на Сека е навистина прекрасна.