По смртта на принцот Филип, титулата војвода од Единбург требаше да ја добие помладиот брат на кралот Чарлс, принцот Едвард, но се чини дека новиот суверен на Велика Британија има поинакви планови.
Според лондонскиот печат, кралот Чарлс ја зачувува оваа специјална титула за својата внука, принцезата Шарлот.
‒ Дискусиите се во тек, но најдобриот исход за кралот е титулата да и припадне на принцезата Шарлот. Би било убав начин да се потсетиме на покојната кралица Елизабета, која ја носеше титулата војвотка од Единбург, откри извор близок до кралското семејство.
Принцезата Шарлот е трета во редот за британскиот трон, по нејзиниот татко, принцот Вилијам и нејзиниот брат, принцот Џорџ. Нејзината позиција е слична на онаа на принцезата Ана, која беше второ дете на принцот Филип и тогашната принцеза Елизабета.
‒ Позицијата на Шарлот е историски значајна бидејќи таа е првата жена член на кралското семејство чие место во редот на наследството нема да го надмине нејзиниот помлад брат. Затоа, уставно е значајно Шарлот да добие ваква соодветна титула бидејќи не е надвор од можностите да стапне на тронот доколку, на пример, принцот Џорџ нема деца – објаснува изворот.
фото: Guliver Getty Images