Радио Милева искрено

Сека Алексиќ откри детали од нејзинот живот: „Виткам сарма, готвам грав, и носам волнени чорапи“ (фото)

Сека Алексиќ откри детали од нејзинот живот: „Виткам сарма, готвам грав, и носам волнени чорапи“ (фото)

За Сека Алексиќ година беше повеќе од успешна. Освен што ги израдува своите фанови со новиот албум „Кино“, Сека најави и работа на нови песни, го најави и новогодишниот настап, а во едно интервју зборуваше за актуелни теми.

Пејачката, која ќе го прослави крајот на оваа година работно, кога ќе се сврти наназад, не крие дека е задоволна од многуте промени кои ги воведе во животот. А најмногу од сè, таа успеа да ја доведе својата линија до совршенство.

– Не јадам благо, станав сериозна, а од следната година ќе почнам и да вежбам. До тогаш планирам да јадам како човек. Вељко е многу среќен што ослабев бидејќи секогаш велеше дека е срамота за ваква убава жена да е дебела – искрена е пејачката која за новогодишната ноќ има закажано два настапи.

-Често ме прашуваат дали ќе носам црвена долна облека за Нова година, но да ви кажам искрено повеќе сакам волнени чорапи – на шега изјави пејачката и додава дека наместо новогодишно, празничната трпеза ќе ја подготви за Божиќ. – Нема да готвам ништо за Нова година бидејќи ќе работам и дење и навечер. Сепак, за Божиќ ќе зготвам се што традиционално се подготвува за најрадосниот христијански празник. Знам да виткам и да зготвам, правам се, а кога ќе се вратам дома ќе варам грав во вода бидејќи постам. Оваа госпоѓа во латекс дома ќе готви грав – низ смеа изјави Сека.

Никогаш не ја злоупотребила својата популарност, но како што признава, често го користела својот шарм за да се извлече од непријатни ситуации. – Со шарм добивам се, особено во сообраќајот. Меѓутоа, бидејќи пред многу години бев приведена поради брзо возење, возам нормално. Прекрасно си поминав во притвор, но откако ме уапсија, се плашам иако сите беа љубезни кон мене.

Иако знае да го подготви секое традиционално српско јадење, Сека вели дека нејзиниот сопруг Вељко е подобар во готвење.

– Вељко е подобар во кујната од мене и ги прави најдобрите плескавици. Дебели, совршени. Инаку, јас и Вељко никогаш немавме готвач затоа што сè можеме сами да направиме. Единствено што имаме е дадилка бидејќи ни треба помош со децата – искрена е пејачката.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сека Алексиќ

To top