Петар Грашо заедно со својата ќерка Алба, сопругата и нејзиното семејство присуствувале на еден настан во Загреб.
24 сата.хр објавува дека семејството уживало во добрата музика и греаното вино, а нивна читателка открила и како Грашо се однесувал кон малата Алба.
-Девојчето беше будно, а Петар цело време внимаваше на неа. Постојано беше во неговите прегратки. Беше многу внимателен, вели читателката за 24сата.хр.
View this post on Instagram
Имено, пејачот неодамна искрено изјави дека поради многубројните концерти и обврски не е во можност да поминува доволно време со семејството, но секој слободен момент е со нив.
– Ѝ потпевнувам на Алба додека ја заспивам, засега ѝ се допаѓа мојот глас. Се надевам дека така ќе биде кога ќе порасне – изјави пејачот во една прилика.
– Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу можности да се покажам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен татко. Се надевам дека ќе напредувам и по тоа прашање- изјави тој, а пренесува „Свет“.
фото:Инстаграм