Кумановскиот пејач и музичар Тајзи преку социјалните мрежи сподели несекојдневна објава од која објасни дека е поласкан од она што го доживеал.
Имено, тој раскажа анегдота од случката што ја леди крвта во жилите, а истата била причина за тетоважата со ликот на Тајзи која денес ја има на себе сега еден негов голем обожавател.
View this post on Instagram
-Тетоважа со ликот на Тајзи.
Има приказна позади ова…
Еден дечко пред неколку години ми пиша пред концерт дали може да направиме муабет и испиеме една пијачка.Ми објасни дека имале страшна сообраќајка после која колата завршила во отпад.Полицијата се чудела како е можно да нема повредени.
На радио во тој момент пеела мојата песна ЧУВАЈ НИ ГА БОЖЕ…Тој е убеден дека токму тоа ги спасило,осетиле некоја чудна енергија. Му кажав понекогаш Бог дава втора шанса,сега имаш мисија и поцни да го работис тоа што срцето навистина ти го сака.Ме послушал поцнал да тетовира и да работи па пред некое време ми ја прати сликава и ми кажа:
Ова е најмалку што можев да направам за тебе кралу.Сам себе се истетовирал во знак на почит спрема моето дело.Солзите сами поцнаа да течат…Мојата музика не е само песна туку многу повеќе од тоа…Јас не сум звезда и никогаш не сум бил !!!Ја сум само сонце кое грее души како што е оваа и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе.И не ми треба статуетки и награди,ова е мојата награда…
Слава на Бога- пишува Тајзи.
Чест и привилегија е некој да те има на себе доживотно, а сатисфакцијата да се доживее нешто вакво уште поголема!