Познаниците, пријателите и најверните другари се простуваат од својот „вечен“ брат Горан Атанасов-Зеко, скопската урбана легенда, еден од најпознатите угостители, менаџери, основоположници на современиот, урбан ноќен живот во македонската метропола и еден од основачите на култните „Хавана бенд“.
Меѓу останатото и социјалните мрежи се преполни со пораки на збогување со скопскиот боем од сите кои го знаеа, особено од оние блиските, кои го познаваа во душа.
Меѓу нив секако, познати фаци, јавни личности, урбани скопски легенди како што беше и тој… Пиже, Џамбазов, Митевски, Цајо, Џовани… се само дел од неговите блиски пријатели и другари кои со посебни посвети го испраќаат Зеко.
„Брате Зеко…не е фер. Не беше ваков договорот.
Нели требаше да снимаме нова песна? Нели ти ќе ја пееше, оти Пиже и јас сме биле дунстери?
“Пријатељу“Зеко…не остави и без зборови и без солзи…“ – објави Сашо Пижевски – Пиже, неговиот вечен компањон и член на „Хавана бенд“ потпишувајќи се заедно со Џамбазов на прошталната посвета.
А, во едно од неколкуте своои потсетувања на својот најдобар другар, додава:
„Абе Зеко, пријатељу, не ти требаше ова, па баш сеа ли?
Не знам ти што си рачунал, ама ја не рачунав дека ќе искочи вака, “јебига, се дешава” шо би рекол ти.
Ајде уживај таму горе…ќе дојде време да ни ги отвориш тоа рајските врати, да си пееме ко шо си пеевме….и да си се смееме ко што увек се смеевме..
Фалиш Зеко, многу ми фалиш, да знаеш“.
Александар Митевски, во свооето збогување од Зеко напишал:
„Почивај во мир, пријателе ? Огромна загуба.. Затоа што имам чувство дека во овој град ти сите нé порасна, нé научи на музика.. Беше симбол на другарство, добрина, грижливост, ведрина, ноќен живот, мерак за музика.. Еден бескраен список, до последен здив… ? Сочувство до семејството и пријателите“.
Авторот Јовица Ивановски, неговиот добар пријател од својот другар Зеко се прости со песна:
Уште еден од основоположниците на современиот и урбан начин на ноќно живеење во Скопје, некогаш најпознатиот менаџер на урбаните скопски ноќни забави, Милорад Цајиќ – Цајо, му посвети своевиден проштален омаж на својот пријател Зеко, чиј дел искористивме во нашиот In memoriam за урбаната скопска легенда.