Откако беше лансиран пред 30 години, австралискиот календар на пожарникари донира милиони долари во добротворни цели.
Овој календар со полуголи пожарникари стана најпопуларниот календар во светот.
View this post on Instagram
Средствата од продажбата на календарите во последните три децении се наменети за истражување за изнаоѓање подобри методи за лекување на тешки изгореници кај децата.
Календарот, исто така, има горда историја на поддршка на засолништа за животни и Byron Bay болницата во која се лекуваат диви животни.
View this post on Instagram
Згодните мажи за божиќното издание на календарот позирале со напуштени животни со цел што поскоро да најдат посвоители, но и сите пари од продажбата на календарот одат за грижа на овие преслатки мачки и кучиња.
Ова, како и секое ново издание на календарот, воодушеви милиони жени ширум светот.
View this post on Instagram
„Дали е реално колку се згодни“, „Убави се“, „Тие се сè што сакам за Божиќ“, „Се надевам на ова под елката“, „Може ли него да го вдомам?“, се дел од стотиците коментари.
фото:Инстаграм