Радио Милева емоивно „освежена“...

Ова е Никола, новото 15 години помладо момче на Мина Костиќ: Пејачката „гладна“ за „пилетина“? (ФОТО)

Ова е Никола, новото 15 години помладо момче на Мина Костиќ: Пејачката „гладна“ за „пилетина“? (ФОТО)

Пејачката Мина Костиќ веќе некое време ужива со новото момче Никола, а сега проговори и за деталите од нивната врска. Таа го раскажа моментот од првата средба со партнерот, кој е 15 години помлад од неа, па затоа могумина кога дознаа, прокоментираа дека пејачката е „гладна“ за „пилетина“, иако Мина не мисли баш така.

„Се шетавме со ќерка ми Анастасија и кучето, тој дојде, го погали кученцето и така почна. Не контактиравме некое време, околу две недели, бидејќи не ги користам  социјалните мрежи. Помлад е, па што е важно?! И јас имав постари, па никому ништо, но и Никола имал постари и пред мене“ – се насмевнала пејачката.

„Така беше, се сликавме, па пријателски се допишувавме, иако одговорот го добив доцна. Почнавме да излегуваме, да се гледаме, се беше многу спонтано“ – ќе рече Никола. Заљубениот пар признал и како Анастасија, ќерката на Мина реагирала на нивната љубов и како се согласува со партнерот на нејзината мајка.

„Многу е среќна, ѝ е мило. Кога ја прашав дали и пречи, рече дека имам свој живот и се’ е во ред. Добро се согласуваат“ – гордо изјавила пејачката.

„Анастасија е прекрасна девојка, образована и културна. Се шегуваме, се дружиме, заедно одиме во теретана, се е супер“ – открил Никола.

Фото: Јујуб и Инстаграм принтскрин/minakostic_official

 

To top