Актерот Џејсон Дејвид Френк, кој го играше зелениот Power Ranger во популарната телевизиска серија од 90-тите, почина на 49-годишна возраст.
-За жал, тоа е вистина. Ве молиме почитувајте ја приватноста на неговото семејство и пријателите во овој ужасен период кога се помируваме со загубата на толку прекрасно човечко суштество. Тој многу го сакаше своето семејство, пријателите и обожавателите. Навистина ќе ни недостасува, изјави претставникот на актерот.
Светските медиуми, неофицијално пишуваат дека актерот извршил самоубиство. Тој зад себе ги остави своите четири деца, синовите Хантер и Џејкоб и ќерките Скај и Џена.
Френк беше најпознат како Томи Оливер во оригиналната франшиза Mighty Morphin Power Rangers, која траеше од 1993 до 1996 година, а исто така глумеше и во други проекти на Power Rangers, вклучувајќи ги Power Rangers Zeo, Turbo и Dino Thunder.
фото: Инстаграм