Пејачката Марина Перазиќ во 80-ите години на минатиот век беше секси русокоса со заводлива насмевка по која лудуваа мажите од цела Југославија. Иако важеше за една од најпопуларните пејачки во поранешната држава предводејќи го со сајзеристот Давор Тоља техно-поп дуото „Денис и Денис“ кое остави грст хитови како „Програм твог компјутера“, таа подоцна се повлече од јавноста. Затоа многумина денес се прашуваат дали изгледот на Марина Перазиќ е нешто поинаков од оној по кој публиката ја памети, и онаа од осумдесетите кога Марина жареше и палеше на поп сцената, иако помладата генерација ја памети пред се’ години подоцна, по учеството во едно познато реално шоу.
А, Марина не се променила многу во овие неколку години. Сè уште е русокоса со насмевка која не ја испушт и покрај се што и се случило. Она што е сè уште исто се нејзините руси локни и насмевката која освојува.
Во екот на популарноста влета во врска со тогашниот тапанар на култните ЕКВ, Иван Феце – Фирчи, со когоо ќе ја остават музиката и ќе заминат во САД. Од позната поп ѕвезда Марина ќе се претвори во бејбиситерка… Бракот почнува да добива драматични размери, исполнет со кавги, недоразбирања и семејно насилство, по што се враќа дома.
Покрај признанијата за насилство, тажни вести од животот на Марина Перазиќ пристигнаа и пред две години кога нејзиниот татко почина на 88-годишна возраст среде пандемијата. Инаку, Перазиќ во мај наполни 64 години, но многумина коментираат дека изгледа како да не старее.
„Иван знаеше да ме удри во неколку наврати. Но, никогаш не се ни обидов да му вратам. Сфатив дека не вреди да влегувам во каква било расправија со него. Тој беше нервозен по природа. Сакаше да ме испровоцира. Молчев за мир во куќата, за да си ги зачувам убавите заби, нос, вилица… Кога ја добив првата модринка, се трудев да не ги испровоцирам другите, но ги имаше“ – изјави Марина за агонијата низ која таа поминала.
Фото: Јујтјуб принтскрин