Радио Милева свирел на бројни погреби

Аца Софронијевиќ откри какви жртви морал да направи за да стане успешен музичар (фото)

Аца Софронијевиќ откри какви жртви морал да направи за да стане успешен музичар (фото)

Познатиот хармоникаш од помладата генерација, Александар Аца Софронијевиќ, кој денес важи за еден од најбараните музичари за свадби и веселби, во една емисија откри дека свирел и на бројни погреби. Покрај тоа, Софронијевиќ за прв пат раскажа какви жртви морал да направи за да стане успешен музичар.

– Чест е кога можеш некого за последен пат да почестиш и да го испратиш во вечниот дом. Свирев на погребот на таткото на кумот. На вечното одмаралиште ги испратив Новица Неговановиќ, Мерима Његомир, Шабан Шаулиќ, Милутин Мркоњиќ – рече тој, а потоа откри дека на погреб свирел и за непозната дама, бидејќи тоа била нејзината последна желба:

Ме контактираше ќерката на една госпоѓа од Краљево која многу сакала да ме слуша и која пред смртта оставила последна порака до семејството. Таа ми рече: „Мама побара кога ќе замине, да ја свирите песната „Сега кога се разделуваме“. Се согласив да ја испочитувам нејзината последна желба иако не ја познавав госпоѓата или нејзиното семејство. На крајот ме прашаа колку ми должат, а јас одговорив дека тоа не чини ништо – изјави хармоникашот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/sofronacc

To top