Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вчера, 16 ноември 2022 беше отворена изложба посветена на Тоше Проески. Изложбата носи наслов „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“.
Преку неа ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми. Изложбата е во соработка со Спомен куќата на Тоше во Крушево, а ќе биде отворена до 23 ноември.
Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.